сабота, 27 јули 2024

Вардарци ја сефтосаа салата „Чаир“ во Ниш

Објавено на

часот

Сподели

Вардарци играа 31-31 против Железничар во пријателската средба со која официјално беше отворена салата. Македонија утре против Шведска ќе го игра првиот меч во салата пред преполно гледалиште, а шампионатот ќе го отворат два часа претходно Германија и Чешка, другите два наши противници во групата Б.

Салата во Ниш беше реновирана за потребите на ЕП и ова е прв меч во неа, пред почетокот на шампионатот. Ниш од утрово се полни со македонски навивачи, а главната инвазија на Македонци се очекува од утре изутрина.

За Вардар ова беше одлична подготовка во овој празен период поради паузата што следува во наредните 15 дена поради ЕП, пред продолжението на настапите во регионалната СЕХА-лига и домашниот шампионат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ