сабота, 19 октомври 2024
ПМФЛ

Вардар задоцни со пресвртот, трет пораз во низа на „црвено-црните“

Објавено на

часот

Сподели

Вардар се уште чека на првиот бод во новата сезона во ПМФЛ, попладнево „црвено-црните“ задоцнија со пресвртот и загубија со 3-2 против Воска.

Ален Јашароски беше херојот на домаќините откако забележа хет-трик и три пати ја тресеше мрежата на Гачевски.

Глишиќ со бомба од далечина намали на 2-1 во 84. минута, а Жоглев во 92. минута само го ублажи поразот.

Во „Маџари“, Велкоски со убав погодок од слободен удар му донесе три бода на Работнички во пресметката со Македонија ЃП.

Шкендија со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Тиквеш, со истиот резултат Брегалница дома го совлада Гостивар, додека пак мечот Шкупи-Силекс заврши 1-1.

ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО (17 ЧАСОТ)

Воска Спорт – Вардар 3-2 (2-0)

Јашароски 27, 32, 48 – Глишиќ 84, Жоглев 90+2

Тиквеш – Шкендија 1-2 (1-2)

Мојсов 45+1 – Чинари 24, Елези 37

Брегалница – Гостивар 2-1 (1-0)

Венегас 10, Вебстер 78 – Селмани 90

Шкупи – Силекс 1-1 (1-0)

Пинтер 45+1 – Ѓорѓиоски 77

Работнички – Македонија ЃП (1-0)

Велкоски 21

УТРЕ

Струга ТЛ – Брера

ТАБЕЛА: Шкендија 6 (-1), Брера 6 (-1), Работнички 6, Брегалница 6, Тиквеш 6, Шкупи 4, Силекс 4, Струга ТЛ 3 (-2), Воска 3, Македонија ЃП 3, Вардар 0, Гостивар 0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ