сабота, 27 јули 2024

Вардар во Дојран со еден тест, против Тиквеш

Објавено на

часот

Сподели

Вардарци, кои без пораз, како во добрите стари времиња го завршија првиот дел од сезоната, ќе ги полнат акумулаторите во Дојран до 26-ти месецов, пред да заминат во турското летувалиште Анталија, на главниот дел од подготовките. Во Дојран, вардарци ќе тренираат двапати дневно, а ќе одиграат и еден контролен меч, против второлигашот Тиквеш. Дуелот е закажан за 25 јануари, ден пред да се вратат во Скопје.

Првично Вардар требаше да замине на подготовки во бугарски Сандански, но се откажа од таа варијанта поради немање соодветни услови за тренинг.

Црвено-црните веќе една недела „се загреваа“ во главниот град, а на 2 февруари ќе заминат на двонеделни подготовки во Анталија, каде што низ неколку пријателски контролни средби, треба да ја достигнат формата со која ќе тргнат во одбрана на лидерското место и до шампионската титула, прва по речиси една деценија чекање.

Во Анталија до 16 февруари закажани се засега две сигурни контролки и тоа со белорускиот Солигорск на 5 февруари и со полската Јагелонија на 11 февруари. Тренерот Илчо Ѓорѓиоски, уште пред повеќе од една недела, најави дека Вардар е во преговори за пријателски мечеви и со Црвена звезда и Левски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ