недела, 6 октомври 2024

Вардар утре го потпишува договорот со Новоматик

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар ќе го добие „Новоматик“ за генерален спонзор, договорот ќе биде потпишан утре.

Објавено на

часот

Сподели

По неколку тешки години и две сезони поминати во втора лига, конечно добри вести за Вардар.

Најтрофејниот македонски клуб ќе го добие „Новоматик“ за генерален спонзор.

Австриската компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави , е присутна на македонскиот пазар од 2009 година, и сега реши да инвестира во Вардар.

Соработката помеѓу Вардар и Новоматик ќе биде потпишана утре во 12 часот, во просториите на компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ