Вардар долго време одолеваше на нападите на Струга, а откако прими еден гол, брзо дојдоа уште два погодоци за Стружани.
Резултатот беше отворен во 56. минута кога Бесарт Ибраими постигна гол за водство на Струга од 1-0.
По една убава акција од левата страна, Мазрекај во 75. минута зголеми на 2-0, а десетина минути подоцна погоди и Таири за 3-0. Во третата минута од судиското продолжение постигнаа уште еден гол преку Јаровиќ за конечни 4-0.
Со оваа победа Струга дојде на бод до водечкото дуо Шкупи и Шкендија, Вардар останува последен.