сабота, 19 октомври 2024

Вардар срамно загуби од Воска и падна на дното на табелата

Вардар на домашен терен загуби од Воска со 3-1, навивачите разочарани од изданието на своите фудбалери бараат оставки од управата.

Објавено на

часот

Сподели

Црвено-црните ги решија финансиските проблеми, но играчки се чини дека се послаби и од минатата сезона во која се бореа за опстанок.

Денеска на Арената „Тодор Проески“ гостуваше Воска која важи за најслаба екипа во првенството, но и тие го понижија Вардар.

Донарт Ибраими по грешката на Гачевски го отвори резултат во 53 минута и тука започна катастрофата на Вардар.

Новото засилување, Мециновиќ на дебито си постигна автогол во 62. минтуа, додека Јахија со прекрасен гол три минути подоцна зголеми на 0:3. Шарковски во завршницата постигна гол за утеха кој не значи многу за конечни 1:3.

За Вардар ова е веќе трет пораз и тоа трет натпревар во кој прима три гола

Во останатите натпревари кои се играа денес Струга со 2:0 ја совлада Брера, Силекс го изненади Шкупи со 2:1, Шкендија дома беше подобра од Пелистер со 2:0, додека средбите Беса – Работнички и Тиквеш – Гостивар завршија без погодоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ