Вардар ја засили екипата со млад дефанзивец кој потекнува од школата на Еспањол.
„24 годишниот централен дефанзивец, стандарден репрезентативец на Андора, Алберт Алаведра е четврто засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок. Алаведра потекнува од младинската академија на Еспањол, а во својата кариера меѓудругото настапувал за Алгесирас, Манреса, Бадалона, Приморје. За репрезентацијата на Андора засега има 26 настапи“, стои во соопштението на Вардар.