Вардар денеска промовираше уште еден ракометар, по Хансер Микел Родригез, црвено-црните го објавија и трансферот на Нилтон Мело.
Тој игра позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот.
Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија каде има настапено на 24 натпревари.
Нилтон ги мина лекарските прегледи и веќе неколку денови тренира со тимот, и ќе продолжи со подготовките за новата сезона. Покрај Скопје, тимот заминува за Маврово каде ќе остане повеќе денови и ќе собира сила пред да почне да игра контролни средби.
Покрај Нилтон Мело, за Вардар досега потпишаа и Кубанецот Хансер Микел Родригез, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.