сабота, 27 јули 2024
СЕХА лига

Вардар рутински се справи со младинците на Војводина

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот шампион немаше никаков проблем да дојде до триумф против Војводина, мечот беше добиен уште пред да почне со оглед на тоа во каков состав играше противникот.

Неискусните ракометари од Нови Сад не можеа да се носат со Вардар, без разлика што и Владо Недановски ги штедеше своите ракометари. Војводина првиот гол го даде во седмата минута кога веќе беше 5-0 за црвен-црните.

Уште во првото полувреме предноста стана двоцифрена, во 21. минута, со 17-7, а на пауза македонскиот првак замина со 22-11. И со неколку ротации во второто полувреме водството не падна, напротив, порасна до највисоки 35-21 во 52. минута. Конечниот резултат беше 38-25.

Поделената минутажа најмногу ја искористи Јан Чувара со 10 гола од 12 обиди, од кои девет од игра, а Куни Моралес погоди осум пати. Одлични беа голманите, Мартин Томовски со седум одбрани во првиот дел, од кои два пенала и Васил Гогов со пет во вториот, од кои еден пенал. Кај гостите, 18-годишниот среден бек Симо Шијан погоди 10 пати.

Реваншот во Нови Сад е во вторник, на 11 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ