Во пролетниот дел од сезоната Вардар ќе води жестока битка за опстанок, па раководството на клубот прави напори да создаде конкурентен тим. Денеска се промовирани две странски засилувања.
25-годишниот Хрват, Михаел Бришки стави потпис на договор со Вардар. Тој игра на позициите дефанзивен играч од средниот ред и централен дефанзивец.
Потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони, а во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во нашите редови доаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар. Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.
Договор со Вардар потпиша и 26-годишниот Кеба Кебел Сусо кој доаѓа од Гамбија, а настапува на позицијата напаѓач. Тој во Скопје доаѓа од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари, а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.