петок, 26 јули 2024

Вардар поразен од Воска, Струга се одлепи на врвот

Вардар со 1-0 го загуби мечот од Воска, еден од клучните дуели во битката за опстанок, од водечкото трио само Струга победи, шампионот славеше во Ѓорче Петров кај Македонија со 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар го доживеа првиот пораз оваа пролет на свој терен и тоа против директен конкурент во битката за опстанок.

Единствениот гол на мечот беше дело на Ачимовиќ по половина час игра на натпреварот.

Вардар пропушти неколку прилики за гол, особено преку Омерагиќ. Голманот Захов беше на висината на задачата.

Струга со гол на Ибраими во првото полувреме победи на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 1-0 и сега има три бода предност пред Шкупи и дури шест пред Шкендија која се чини дека испаѓа од трката за титулата.

Шкендија денеска беше поразена кај Тиквеш со 2-1. Спахиу и Малески ги дадоа головите за кавадаречкиот тим, Тотре погоди за тетовчани.

Немаше голови на тешкиот терен за игра во Кратово, на дуелот меѓу Силекс и Шкупи.

Нерешено со по еден гол во двете мрежи заврши мечот меѓу Гостивар и Брера. Кехинде погоди за домаќините, Трајков во финишот ги спаси гостите од пораз.

Резултати 28. коло:
Вардар – Воска 0-1
Македонија ЃП – Струга 0-1
Силекс – Шкупи 0-0
Тиквеш – Шкендија 2-1
Гостивар – Брера 1-1
Вчера
Брегалница – Работнички 0-1

Табела: Струга 58, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера 34, Работнички 34, Воска 31, Вардар 29, Брегалница 26, Македонија ЃП 25.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ