Вардар освои три големи бода против градскиот ривал Работнички.
Омерагиќ во 36. минута промаши пенал, но брзо потоа Спахиу даде гол за водство на Вардар од 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до самиот финиш од мечот кога Мато ги постави конечните 2-0.
Дербито кое се играше крај Охридското езеро го доби актуелниот шампион Струга, Шкендија го забележа првиот пораз во пролетниот дел од сезоната.
Сава Радиќ во 51. минута донесе водство за Струга од 1-0, а Радески во 63. минута зголеми на 2-0, пет минути подоцна Радиќ со својот втор гол на мечот ги постави конечните 3-0.
Најубедлив беше Силекс кој со 5-0 славеше на гостувањето кај Беса. Головите ги постигнаа различни играчи, погодија Алиќ, Ѓорѓиевски, Хвановиќ, Осман и Донов.
Пелистер со гол на Бошковски во второто полувреме ја победи Воска со 1-0.
Победи од 1-0 забележаа и Гостивар кај Брера во Струмица, како и Тиквеш против Шкупи во Кавадарци.
Резултати 22. коло:
Работнички – Вардар 0-2
Струга – Шкендија 3-0
Беса – Силекс 0-5
Пелистер – Воска 1-0
Брера – Гостивар 0-1
Тиквеш – Шкупи 1-0
Табела: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 20, Брера 20, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 15.