сабота, 27 јули 2024

Вардар по 15. пат стана шампион на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Вардар ја освои двојната круна, по пехарот во купот денеска со победа над Тиквеш во последното коло ја завери и титулата во домашното првенство.
 
По триумфот во Битола над Пелистер, како што и се прогнозираше сите мечеви заклучно со денешниот за Вардар беа само формалност.
 
Во денешната победа над Тиквеш, Дибиров и Талески беа најефикасни со по десет гола, а одличен на голот беше и Мартин Томовски. Во составот на тимот од Квадарци, Страхиња Симиќ даде седум голови, Јане Јанчев шест.
 
Пред почетокот на натпреварот Вардар се збогуваше со неколку ракометари, браќата Њокас, Валчек, Додиќ, Диало и Тото.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ