сабота, 27 јули 2024
„Комити“ ја презентираа новата акција

Вардар планира да собере 500.000 евра од сезонски билети: Заедно да покажеме како се сака клубот на народот

Објавено на

часот

Сподели

Навивачката група „Комити“ го презема раководењето на Вардар и синоќа во 19:47 часот симболично започнаа голема акција за спас на клубот и продажба на сезонски билети.

Попладнево на прес конференција беа откриени повеќе детали, планот е да се приберат 500.000 евра.

„Вардар е клуб на народот и народот има право да знае што се случува во клубот. Нашата битка за спас трае буквално три години, пред нешто повеќе од две години продадовме 33.381 билети и тоа беше најголемата акција со која сакавме да дадеме време за Вардар да преживее. Сметката е блокирана од 2018 година, па сега повторно сме во акција за спас и поддршката на народот и тоа како ни е потребна“ – вели Милорад Миленковски кој е претставник на „Комити“ во раководството.

Сезонските билети се продаваат по цена од 1.000 денари, желбата е да се продадат 30.000 сезонски билети.

„Сакаме да покажеме дека се е можно, да видиме колку сме, да видиме колку Скопје го сака Вардар. Веруваме дека можат да се продадат билетите, а Вардар да заработи над 500.000 евра. Заедно да покажеме како се сака клубот на народот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ