сабота, 27 јули 2024

Вардар падна во второто полувреме и убедливо загуби од Шкупи

Вардар се држеше едно полувреме во дербито на Чаир, а потоа доживеа висок пораз од Шкупи, домаќините победија со убедливи 3-0.

Објавено на

часот

Сподели

Вардарци играа одлична одбрана во првиот дел и ги неутрализираа нападите на Шкупи. Чаирскиот тим имаше една одлична шанса кога ја погоди пречката од голот на Гачевски.

Отпорот на Вардар беше срушен во 54. минута кога Дуду погоди со глава за водство на Шкупи од 1-0.

По примениот гол Вардар се отвори и тргна поофанзивно кон голот на Шкупи, но работите станаа покомплицирани во 64. минута кога Ристовски доби втор жолт картон. Црвено-црните останаа со фудбалер помалку.

Шкупи брзо го искористи тоа, со гол на Трапановски во 68. минута зголемија на 2-0, а во 77. минута реализираше и Гронер за конечни 3-0.

Во 81. минута и Шкупи остана со фудбалер помалку откако доби црвен картон.

Вардар во финишот пропушти голема шанса да намали, Глишиќ од слободен удар ја погоди пречката од голот на Шкупи.

Во вториот денешен меч од ПМФЛ, Тиквеш испушти победа против Силекс. Домаќините со гол на Даноски рано во второто полувреме поведоа со 1-0, но кратовскиот тим изедначи со погодок на Ѓоргиевски во третата минута од судиското продолжение.

Утре се играат преостанатите четири натпревари од 25. коло: Струга – Воска, Шкендија – Брегалница, Гостивар – Македонија ЃП, Брера – Работнички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ