сабота, 27 јули 2024

Вардар освои три големи бода против Брегалница и почна да се качува на табелата

Вардар со 2-0 го доби дербито за опстанок против Брегалница и скокна за две позиции на табелата, Гостивар со два гола во самиот финиш се спаси од пораз на гостувањето кај Шкендија и ја продолжи импресивната серија без пораз.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар освои три многу важни бода во борбата за опстанок со кои конечно се одлепи од дното на табелата во ПМФЛ.

На исклучително лош терен, но совршена фудбалска атмосфера која ја креираа Комитите, Вардар со 2-0 ја победи Брегалница со два погодоци постигнати во првото полувреме.

Во 21. минута Алтипармаковски погоди од пенал за водство на Вардар од 1-0, а само три минути подоцна Глишиќ постигна убав гол за конечни 2-0.

Со оваа победа Вардар ги прескокна Македонија Ѓорче Петров и Брегалница и се качи на 10. место на табелата.

Гостивар со два гола во самиот финиш се спаси од пораз на гостувањето кај Шкендија и ја продолжи серијата без пораз на веќе 13 меча.

Шала кој ги постигна и двата гола, по еден во двете полувремиња. Кеинде на пет минути до крајот намали на 2-1, а во судиското продолжение Гостивар преку истиот играч постигна уште еден гол за конечни 2-2.

Победа од 2-0 забележа и Тиквеш над Работнички. Робертињо погоди во првиот дел, Стојкоски реализираше во второто полувреме.

Најубедлива беше екипата на Брера која со 3-0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, погодија Цветаноски, Миловановиќ и Ивковиќ.

Срѓан Захариевски го имаше своето деби на клупата на Воска Спорт, одигра 0-0 во Охрид против Силекс.

Резултати 20. коло:
Вардар – Брегалница 2-0
Шкендија – Гостивар 2-2
Тиквеш – Работнички 2-0
Брера – Македонија ЃП 3-0
Воска – Силекс 0-0
Вчера
Струга – Шкупи 2-2

Табела: Шкупи 42, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 28, Гостивар 27, Брера 26, Тиквеш 25, Работнички 24, Воска 21, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ