сабота, 19 октомври 2024

Вардар остана без тренер по победата над Пелистер

По синоќешната победа над Пелистер во вечното дерби, Вардар утрово на големо изненадување соопшти дека заминува тренерот Горазд Михајлов.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар вчера ги прокнижи првите три бода оваа сезона, „црвено-црните“ со 1-0 го совладаа Пелистер.

Но веќе утрово пристигнаа изненадувачки вести, Вардар соопшти дека заминува тренерот Горазд Михајлов.

Како што брифираат од клубот, Горазд Михајлов од лични причини поднел оставка. Двете стрни потоа во пријателски однос постигнале взаемно прифатливо решение.

Горазд Михајлов седна на жешкото столче на Вардар кон крајот на минатата година и успеа да обезбеди опстанок во ПМФЛ, која им беше главна цел на „црвено-црните“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ