Вардар е прилично активен откако беше договорен богат спонзорски договор со Новоматик, и напорно се работи на создавање на тимот за следната сезона.
Денеска пристигна информација за ново засилување, овој пат во стручниот штаб.
Поранешниот голгетер на Вардар, Горан Петрески ќе биде дел од персоналот на тренерот Горазд Михајлов.
Популарниот „Чунга-лунга“ во тренерската кариера ја водеше У18 репрезентацијата на Македонија и екипата на Работнички.
Како фудбалер со Варадар освои три титули во првенството и две го Купот на Македонија.