сабота, 27 јули 2024
Бараж натпревари за влез во Втората македонска фудбалска лига

Вардар Неготино, Башкими и Тетекс ќе играат во Втора лига следната сезона!

Објавено на

часот

Сподели

Најинтересно беше во Кичево каде играа Вардар Неготино и Новаци. Тимот на Новаци долго водеше со 1-0, но Вардар изедначи со гол во самиот финиш, а потоа беше подобар во пенал рулетот со 3-2.

Најубедлив беше второлигашот Тетекс кој со 6-1 го прегази Осогово на стадионот во Маџари и си го сочува местото во Втората лига.

Во Втората лига се враќа Башкими кој со убедливи 3-0 го совлада Влазрими во Тетово.

Поразените Новаци, Осогово и Влазрими ќе ја чекаат ждрепката за да дознаат кои два тима од нив ќе се пласираат во Втора лига, а кој ќе биде тој со најмалку среќа да остане во третата лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ