сабота, 27 јули 2024

Вардар ја промовираше „Кемпа“ како нов спонзор и најави влегување и на други компании

Производителот на спортска опрема „Кемпа“ ќе биде нов спонзор за на ракометниот клуб Вардар, клубот најави во иднина влегување и на други германски компании.

Објавено на

часот

Сподели

„Хумел“ заминува во историјата, Вардар од следната сезона ќе игра со опрема на „Кемпа“. За разлика од сегашниот бренд кој даваше попуст на опремата, новиот комплетно ќе ја испорачува, што е значителна финансиска инјекција за клубот.

„Чест ми е што успеавме да споиме два бренда на едно место. Соработката со ‘Кемпа’ носи многу бенефити за Вардар и македонскиот спорт, а на почеток ќе биде на три години. Ова е спонзорски договор кој треба да биде на долги патеки, а како ќе се развива соработката ќе објавуваме со тек на време. Оваа соработка ќе има и додадена вредност за нашиот клуб бидејќи носи преговори со други германски компании и спонзори“, вели извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски.

„Среќни сме што ‘Кемпа’ одлучи да биде еден од спонзорите на Вардар. Соработката со ‘Кемпа’ стартува од следната сезона, но разликата ќе биде огромна. Не сакам да зборувам против брендот кој долго бил со Вардар, меѓутоа ние трошиме сериозна сума на пари за опрема. Отсега, тоа комплетно ќе биде покриено од новиот спонзор. Се работи за доста сериозна сума на пари. Не можам да зборувам за идни соработки, меѓутоа точно е дека зборуваме и со други германски компании кои се присутни во регионот. Можам да го кажам само тоа, бидејќи не треба да зборуваме за чувствителни теми додека не биде официјално“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ