петок, 18 октомври 2024
ПМФЛ

Вардар ја победи Брера, три големи бода за црвено-црните, Шкупи се качи на врвот

Вардар со 1-0 ја совлада Брера, Шкупи со 3-0 беше убедлив против Работнички и се качи на врвот пред Шкендија и Струга кои киксираа денеска. Тетовскиот тим одигра 1-1 со Воска, а шампионот загуби во Гостивар со 2-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

По победата над Работнички, Вардар дојде до уште еден триумф, црвено-црните денеска на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја совладаа Брера со 1-0 и освои три огромни бода во борбата за опстанок.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во третата минута од натпреварот, а стрелец беше напаѓачот Омерганиќ.

Во продолжението од мечот, особено во второто полувреме Брера со офанзивна игра се обидуваше да се спаси од пораз, но многу лесно можеше да се случи тој да биде и поубедлив. Вардар пропушти неколку шанси да слави и повисока победа.

Шкупи убедливо со 3-0 го совлада Работнички кој продолжи со лошата форма во првенството. Куевен ја отвори и ја затвори серијата погодоци, а еден гол беше дело на Кука.

Чаирскиот тим со овој триумф се качи на првото место со ист број на бодови како и Шкендија, но со подобра гол разлика.

Шкендија киксна, одигра само 1-1 против новајлијата Воска Спорт. Гостите имаа и водство со погодок на Бајрами рано во второто полувреме, тетовскиот тим се спаси од пораз со гол на Шаља на 15 минути до крајот на мечот.

Шампионот Струга загуби на гостувањето кај Гостивар со 2-1. Со голови на Кахинде и Потук домаќините имаа водство со 2-0 по првото полувреме. Компаоре погоди во вториот дел и ја врати надежта на стружани, но не успеаа да постигнат барем уште еден гол за да се спасат од пораз.

Македонија Ѓорче Петров пропушти да го победи Тиквеш на лигашкото деби на новиот тренер. Ѓорчепетровци водеа со гол на Попзлатанов во првото полувреме, имаа шанси за порано да ја заверат победата, но направија пенал во судиското продолжение и му овозможија на Тиквеш да даде гол преку Ивановски од белата точка за реми.

Резултати 12. коло:

Вардар – Брера 1-0

Омерагиќ 7

Шкупи – Работнички 3-0

Куевен 41, 74, Кука 52

Шкендија – Воска 1-1

Шаља 74 – Бајрами 47

Гостивар – Струга 2-1

Кехинде 36, Потук 44 – Компаора 59

Македонија ЃП – Тиквеш 1-1

Попзлатанов 33 – Ивановски 90

Вчера

Силекс – Брегалница 0-0

Табела: Шкупи 25, Шкендија 25, Струга 21 (11), Силекс 20, Брера 15, Тиквеш 15, Брегалница 14, Гостивар 14. Работнички 13. Македонија ЃП 12, Воска 12, Вардар 11 (11).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ