недела, 20 октомври 2024

Вардар им се заблагодари на Грнчаров и Бајевски, тимот ќе го водат Хаџиевски и Бабунски

Објавено на

часот

Сподели

По вчерашните турболенции и објави на Бабунски и најава на Грнчаров за заминување од Вардар, клубот излезе со став и привремено решение за тренерската позиција.

Легендите Ѓоко Хаџиевски и Бобан Бабунски прифатиле привремено да го водат тимот додека Вардар го бара новото тренерско име.

„Ја известуваме целокупната јавност дека тренерот на екипата Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски, заедно со членовите на стручниот штаб Орхан Абди, Игор Тасевски и Стево Митревски поднесоа оставки на функциите и повеќе не се дел од ФК Вардар.

Би сакале во името на клубот, да се заблагодариме за професионализмот, енергијата и трудот кои  во текот на двете години ги вложивте во клубот и затоа што покажавте колку е важно да се биде онаму каде што се брани “црвено-црното.” 

Екипата денес, по планот заминува во карантин, каде што под водство на Вардаровата легенда Ѓоко Хаџиевски и координаторот на младинската школа Бобан Бабунски, ќе ги одработи последните подготовки пред натпреварот против Воска. Во името на клубот им се заблагодаруваме поради тоа што веднаш ја прифатија понудата и се ангажираа да го водат клубот на овој важен натпревар.

Јасно напоменуваме дека ова е само преодно решение. Клубот уште вчера започна преговори со потенцијалната замена на позицијата тренер и засега можеме да кажеме дека истите течат добро. Во најбрз можен временски рок, официјално ќе го соопштиме името на новиот тренер за кој сметаме дека достојно и чесно ќе ја води екипата во понатамошниот период“, се вели во дел од соопштението на Вардар.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ