среда, 23 октомври 2024

Вардар и Воска сѐ уште немаат лиценца за Прва лига, ФФМ им даде рок до среда да ја комплетираат документацијата

Објавено на

часот

Сподели

Проблем за црвено-црните е тоа што веќе поранешниот сопственик, Слободан Крстевски ја нема доставено завршната сметка за минатата сезона. Недостасува тој извештај за комплетирање на документацијата.

Воска Спорт треба да се трансформира во Акционерско друштво за да настапува во Првата лига, клубот од Охрид сѐ уште го нема направено тоа. Функционира како здружение на граѓани, но така не може да се натпреварува на највиско ниво.

Поради овој проблем ФФМ неколкупати ја одложуваше ждрепката за новата сезона. Вардар и Воска имаат краен рок да ги средат документите до среда, во спротивно нема да добијат лиценци и ПМФЛ во новата сезона ќе брои десет клубови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ