сабота, 27 јули 2024
Новиот тренер верува во опстанок

Вардар го промовираше Михајлов: Ќе атакуваме на бодови на секој натпревар

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар попладнево на прес конференција го промовираше новиот тренер Горазд Михајлов, кој најави атак на бодови на секој натпревар до крајот на сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Откако Александар Васоски се повлече од тренерското столче на Вардар, за нов предводник беше одбран Горазд Михајлов, кој попладнево беше промовиран пред новинарите.

„Се радувам што се вратив во Вардар, тука ги направив почетоците во фудбалот, па сега сум повторно во својот дом“ – вели Горазд Михајлов.

„Вардар е клуб на народот и најголемиот бренд во Македонија, па така треба да се однесуваме кон него“.

„Можам да ветам дека јас и моите соработници ќе го дадеме максимумот, и на сите 15 натпревари до крајот на сезоната ќе атактуваме на бодови“.

„Очекувам да одиграме квалитетно во вториот дел од сезоната и да го обезбедиме посакуваниот опстанок“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ