сабота, 27 јули 2024

Вардар го победи Пелистер, но битолчани уште сами си ја кројат судбината

Вардар со 24-20 го победи Пелистер во СЦ „Јане Сандански“, но ќе мора да чека кикс на ривалот до крајот на сезоната за да му го преземе тронот.

Објавено на

часот

Сподели

Во одлична атмосфера, бодрен од своите навивачи, Вардар одигра меч со подобар финиш од Пелистер и дојде до посакуваната победа.

Натпреварот беше неизвесен речиси во целиот тек, Вардар најчесто водеше, најмногу со два гола разлика, но Пелистер успеа да го сврти натпреварот и неколкупати тие да ја имаат предноста.

Беше 20-19 за Пелистер, до крајот Вардар постигна пет гола, а гостите ниту еден, битолчани имаа серија од неколку пробивања и го загубија мечот. Конечниот резултат беше 24-20.

Најдобар кај Вардар беше Јасухира со шест голови, исто толку постигна и Цехте за Пелистер. Томовски беше клучен со 12 интервенција, Лесјак имаше осум одбрани.

Пелистер и покрај поразот останува лидер на табелата и доколку не направи кикс на преостанатите средби од сезоната, ќе ја одбрани шампионската титула.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ