Во одлична атмосфера, бодрен од своите навивачи, Вардар одигра меч со подобар финиш од Пелистер и дојде до посакуваната победа.
Натпреварот беше неизвесен речиси во целиот тек, Вардар најчесто водеше, најмногу со два гола разлика, но Пелистер успеа да го сврти натпреварот и неколкупати тие да ја имаат предноста.
Беше 20-19 за Пелистер, до крајот Вардар постигна пет гола, а гостите ниту еден, битолчани имаа серија од неколку пробивања и го загубија мечот. Конечниот резултат беше 24-20.
Најдобар кај Вардар беше Јасухира со шест голови, исто толку постигна и Цехте за Пелистер. Томовски беше клучен со 12 интервенција, Лесјак имаше осум одбрани.
Пелистер и покрај поразот останува лидер на табелата и доколку не направи кикс на преостанатите средби од сезоната, ќе ја одбрани шампионската титула.