сабота, 19 октомври 2024

Вардар го доби дербито со Пелистер, Дианеси е херојот на црвено-црните

Фудбалерите на Вардар ја запишаа првата победа во новата сезона на ПМФЛ, на „Градски“ во големото дерби против битолски Пелистер со 1-0 (0-0). Скопскиот тим во поголем дел од мечот имаше контрола врз играта, а тоа на крајот резултира со триумф над лутиот ривал со гол на Дианеси во финишот.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар ја имаше теренската доминација на почетокот од натпреварот, но не креираа конкретни шанси, најчесто кружеа околу шеснаесетникот на битолскиот тим кој одлично се бранеше.

Најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Пелистер, Михаил Талевски шутираше кон голот на Вардар од одлична позиција, но Гачевски го одбрани неговиот удар. На одморот се отиде без голови.

Вториот дел Пелистер го почна подобро, имаше неколку обиди кон голот на Вардар, но безуспешно. Вардар претежно се обидуваше од контра напади да го загрози голот на битолчани.

Натпреварот беше решен во 86. минута кога напаѓачот на Вардар, Џибрил Дианеси погоди со глава за водство на црвено-црните од 1-0, што беше и конечен резултат.

Дербито имаше и голема посетеност, а Комити и Чкембари имаа свое шоу на трибините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ