Вардар неколку години се соочува со финансиски проблеми, а клубот пред почетокот на оваа сезона доби парична инекција откако инвестираше компанијата „Новоматик“.
Последните информации велат дека „црвено-црните“ дополнително ќе застанат на цврсти нозе, Вардар добива нов сопственик.
85% од акциите на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија преминуваат во рацете на Атила Бижен Жалили.
Следува финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар.