сабота, 27 јули 2024
Општина Аеродром му додели фудбалски терен на Вардар

Вардар доби терен за тренинзи во Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Отсега Вардар ќе може да тренира и да се подготвува за натпреварите на теренот кој им го додели општина Аеродром. Теренот не ги исполнува условите за да се играат мечеви од втора или прва лига на него, но и покрај тоа е голема помош за црвено-црните кои се наоѓаат во голема криза во моментов.

„На моја и иницијатива на претседателот на Советот на општината Дејан Митески , ФК Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот.

Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Комити, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“.

Oчекувам по завршување на соодветната законска постапка, овој спортски терен да биде ставен на располагање за потребите на навивачите и клубот. Да го поддржуваме македонскиот спорт и да се радуваме на нови успеси!“, вели градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ