Дибиров е вистинска легенда на Вардар, во македонскиот клуб го помина најголемиот дел од кариерата, а во црвено-црниот дрес двапати ја освои Лигата на шампионите.
Вардар со посебен пост денеска му се заблагодари на Дибиров.
„Дојде во Вардар, играше, освои се што можеше и влезе во легендите. Ти благодариме што девет сезони беше дел од клубот и заедно се радувавме на сите успеси. Те чекаме во Скопје заедно да прославиме. Ќе останеш секогаш нашиот спортски херој“, стои во објавата на Вардар.
View this post on Instagram