сабота, 19 октомври 2024

Вардар бара помош од компаниите: Бидете дел од создавањето на една голема спортска приказна!

Објавено на

часот

Сподели

Вардарци во изминатиот период побараа помош од скопските општини, ја лансираа акцијата за сезонски билети кои чинат само 1.000 денари, а сега ги повикуваат и компаниите да се вклучат во создавањето на на новата приказна.

„Во текот на вчерашниот ден испративме барање за соработка до стотици големи македонски компании, а во деновите што претстојат ќе испратиме уште илијадници понуди.
Во моментите, кога клубот е во крајно незавидна финансиска ситуација, народот е единствениот негов финансиер. Па затоа, како што тропнавме на вратите на надлежните институции, така ве каниме и вас.
Ви нудиме искрена и транспарентна соработка, и можност заедно со нас и народот, да бидете дел од создавањето на една голема спортска приказна.
ФК Вардар е најголемиот македонски фудбалски клуб, кој со својата историја и симболика е најдобра реклама за сите нас. 
Се надеваме на брз позитивен повратен одговор, а ние ќе се погрижиме сите оние кои ќе застанат заедно со нас во одбраната и воздигнувањето на клубот на народот, да бидат препознаени како позитивни општествени чинители
Вашето место, како важни општествени чинители е тука – заедно со нас и народот. 
Не чекајте да ве контактираме, доколку сте заинтересирани за соработка можете да не контактирате на: [email protected] “,
стои во соопштението на ФК Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ