петок, 14 јуни 2024

Вардар бара одложување на дербито со Пелистер

Дербито меѓу Пелистер и Вардар можно е да не се игра во недела доколку биде прифатено барањето на црвено-црните за одложување на мечот.
 

Објавено на

часот

Сподели

Причината е масовна вироза која го зафатила клубот и од која биле заразени 15 луѓе во тимот и стручниот штаб.

„Почитувани, Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар. Поради ова, би сакале да најдеме заедничко решение за оваа состојба која го зафати клубот, а се во интерес на регуларноста на Првенството, фер-плејот и спортското џентлменство. За поткрепа на се ова што го говориме во текот на утрешниот ден, ќе испратиме и медицински извештаи со кои што се потврдува горенаведеното. Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи. Спортски поздрав“, пишува во соопштението на Вардар.

Барањето е пуштено до Пелистер и РФМ. Ова може да му одговара и на битолскиот тим кој има густ распоред, вечерва игра против Загреб во Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ