Милан не ја искористи предноста на домашен терен, избраниците на Пиоли на „Сан Сиро“ загубија од Аталанта и се елиминирани во Купот на Италија.
„Росонерите“ поведоа во 45. минута, Леао и Тео Ернандез убаво проигра, па Португалецот неодбранливо биеше во аголот за 1-0.
Но веќе во следниот напад Аталанта изедначи, Копмајнерс со десна биеше прецизно по земја за 1-1.
„Црно-сините“ од Бергамо го свртеа резултатот во своја корист по еден час игра, Копмајнерс реализираше пенал за 1-2.
Милан се обиде да стигне до изедначување, во последните секунди се прегледуваше едно играње со рака, но ВАР не ја корегираше одлуката на судијата да не досуди ништо, па на домаќините им немаше спас.