Јувентус ќе преноќи како лидер и по три години ќе биде осамен на врвот на табелата во Серија А откако избраниците на Макс Алегри вечерва победија против Верона.
„Старата дама“ се намачи за да стигне до трите бода, ВАР во два наврати спречи славје и поништи два гола на Моизе Кин.
Сепак, на гостите им немаше спас во 97. минута, кога ударот на Милик заврши во стативата, но Андреа Камбијасо се најде на право место и ја смести топката во мрежата за огромна радост.
CAMBIASO LATE WINNER
— Juve Canal (@juve_canal) October 28, 2023