сабота, 27 јули 2024

Ванковска: Зошто секој оној што ќе каже дека е против НАТО е или несериозен или нешто му фали?

Кандидатката за претседател од политичката партија Левица, Билјана Ванковска, вели дека на Македонија ѝ е потребен претседател како неа, борбен, но, пред сè, жена претседател. Во изборната кампања најавува непредвидливост и бурни дебати и теми, во кои, како што рече, ќе биде сама наспроти шестмина.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека имам квалитети, и имам една позитивна работа, која еден човек близок до ВМРО-ДПМНЕ, партијата Левица ја нарекува ‘девица. Па јас се шегувам дека сум буквално политичка девица, бидејќи во моето портфолио не може да најдете ниту една политичка или јавна функција, дури ни членство во некој управен одбор. Теоријата и практиката можам да ги спојам и на Македонија ѝ е потребен борбен претседател, ама, пред сè, жена, рече Ванковска во интервју за Топ Тема на ТВ Телма.

Таа истакна дека доколку не помине во вториот круг нема да ги даде гласовите на ниту еден кандидат, појаснувајќи дека граѓаните ќе си имаат можност повторно да излезат и да гласаат за некоја од понудените опции.

Универзитетската професорка и кандидат за претседател Ванковска изнесувајќи го својот став за НАТО рече дека Алијансата многу придонела за небезбедноста во светот велејќи дека никогаш не ја криела нејзината анти – НАТО позиција.

„Размислувам во смисла на големата слика на светот кој радикално се менува. НАТО придонесе многу за оваа небезбедност во светот, почнувајќи од интервенцијата во 1999 година, кршејќи на Повелбата на Обединетите Нации. Потоа учеството на членките на НАТО, особено САД, во нелегални интервенции кои ги нарекуваа хуманитарни или како и да е, зад себе оставија куп разурнати земји. Така што тука за сè има предисторија. Дали да зборуваме за Украина или Газа или можноста од војна со Кина околу Тајван. Мислам дека НАТО во приказната не е доброто момче, мислам дека има многу придонесено за небезбедноста во светот и во регионот“, изјави Ванковска.

Таа вели дека вештачки се создавал тој наратив дека нема друга алтернатива. Проблематично е, вели Ванковска, што во 90-те години не се отворила демократска дебата за алтернативите на безбедносното опкружување и консолидирање на малите држави.

„Во Словенија, на пример, моите колеги од факултетот за општествени науки застапуваа теза за демилитаризација на Словенија уште во времето на осамостојувањето. Точно е дека влегоа во првиот бран на проширување, но сакам да кажам дека ние никогаш не ја отворивме таа дебата. И секој оној што ќе каже дека е против НАТО е или несериозен или нешто му фали. Повремено имам чувство дека толку сме затворени во меур и приказната завршува само со тоа кој ќе дојде на Водно и кој ќе дојде во владата“, посочува Ванковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ