четврток, 23 мај 2024
Претседателски избори 2024

Ванковска: Со фабрикување наводни фаворити се уби волјата на избирачите за изненадувања

„Тоа што го видов е дека некои медиуми како веќе да прогласија победници, што ме враќа на мојата прва прес-конференција на 7 февруари кога објавивме дека ќе бидам кандидат на Левица и кога добив новинарско прашање: Кому јас во вториот изборен круг ќе му ги дадам моите гласови? И, тоа ме следи до завршувањето на првиот изборен ден. Наводно фаворитите се утврдени и возбудата така е убиена кај граѓаните, иако мнозина сакаа да има изненадувања“, рече претседателската кандидатка Билјана Ванковска вечерва по затворањето на избирачките места.

Објавено на

часот

Сподели

„Не зборувам само за мене, туку за кој било од противкандидатите, така што мислам дека тоа повторно покажува фаворизирање она што постојано го потенцирам дека кога медиумите дури и наводно анализираат или покануваат аналитичари еден од штаб, друг од другиот штаб создаваат претстава кај граѓаните дека сите други се аутсајдери, маргиналци, луѓе кои залутале во политиката што не е баш демократски однос би рекла кон сите нас“, вели Ванковска.

„Ми се чини дека противкандидатите и нивни преставници излегоа со свои оценки и посматрачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР со заклучоци дека ако нема поголеми нерегуларности изразуваме среќа и задоволство.  Јас им се заблагодарувам на сите граѓани што излегоа на гласање. Поголемата масовност во споредба со претходните избори зборува за зголемена понуда со оглед на бројот на кандидатите, но е одраз и на поголемата побарувачка изразена од граѓаните кон кандидатите што говори за тоа дека сакаат да изразат став за тоа каде оди Македонија“, рече Ванковска.

Таа оцени дека за жал, може да констатира дека во Македонија се одвиваат два паралелни изборни процеси, едниот е кај албанскиот блок каде, како што рече, има двајца кандидати кои како да решиле да се натпреваруваат меѓу себе самите. Добро ќе беше понудата да е изразена на целата територија на Македонија, додаде Ванковска.

„Ќе почекаме да ги видиме резултатите. Ние се надеваме дека големата излезност значи повеќе гласови за мене како претставник на Левица и воопшто како човек кој ми се чини дека допре до поширок круг на граѓани не само до поддржувачите на Левица и не само до младите, туку една поширока структура барем од она јас што го имав како контакт жив со мнозина. Велам да почекаме уште малку па ќе правиме вистински анализи. Ова однапред завршување на трката за готова го сметам за преурането“, рече претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ