четврток, 26 декември 2024
Претседателски избори 2024

Ванковска: Провокација и закана – ЕУ камшикот му го дава на Грк

Камшикот му се даа на Грк, реагира кандидатката за шеф на државата на Левица, Билјана Ванковска, реагирајќи на номинирањето на  грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија и шеф на делегацијата на Унијата во Македонија, со што на оваа функција ќе го замени актуелниот амбасадор Дејвид Гир.

Објавено на

часот

Сподели

„Сега ЕУ камшикот му го дава на Грк што е чиста провокација и закана. Дали ние сфаќаме дека сме заробена држава во буквална смисла на зборот?! Кога повеќето ‘големи партии’, а и моите противкандидати се спремни да бакнат рака и да му го читаат Лисабонскиот договор, јас останувам единствен глас на отпор. Преспа мора да се раскине!“, порача преку социјалните мрежи Ванковска.

Инаку, како што објавивме, високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел номинирал нови 44 шефови на делегации на ЕУ за претстојната дипломатска ротација на делегациите на ЕУ ширум светот

Грчкиот дипломат Михалис Рокас е номиниран за нов амбасадор на Европската Унија. Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ