сабота, 27 јули 2024

Ванковска од Штип: Сама против шестмина за прекин на досегашните политики и практики

Сама против шестминa, со овој адут професорката Билјана Ванковска настапува на Претседателските избори, истакна таа денеска од Штип, каде што на неколку локации во градот има средби со граѓаните. Таа порача дека првиот чекор кој ќе го направи е раскинување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија. Вели дека граѓаните не само сиромаштијата ги боли и националното.

Објавено на

часот

Сподели

„Адутот на Билјана Ванковска е во тоа што ќе биде сама против шестмина. Она што се состои во мојата Програма нема да ги најдете кај ниту еден друг кандидат, така што одиме не само да бидеме интересни или оргинални, туку затоа што сметаме дека одење по една патека која не води никаде освен во бездна бара конечно радикално решение, прекин на досегашните политики и практики. Може да звучи премногу за граѓаните, но моето мислење е сега или никогаш“, рече Ванковска.

Пратеникот Борислав Крмов рече дека Ванковска е единствениот кандидат кој го нарушува статус квото. Дециден е дека тие носат нешто ново во државата, а според него црната кампања е веќе започната.

„Не очекуваме, како што видовте уште во старт со креативно толкување од АВММУ и таа една минута која не следуваше ни е пресечена на пола. Но, ние и како партија сме навикнати на нефер односи“, вели Крмов.

Претседателскиот кандидат на Левица, Ванковска рече дека во Штип била топло пречекана, како и самата што не очекувала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ