„Не можам да најдам оправдание за етнотрибализам, за етничка сеграгација, за картели на елити кои одлучуваат зад затворени врати за нас. Дури и за формирање на влади се договараат за амнестија на воени злосторства или за некакви отстапки. Тоа не е начин на кој се гради една нација“, рече таа.
Таа смета дека треба ние да си донесеме Устав, а не странците да ни го наметнуваат.
„Рамковниот договор беше напишан на англиски. Беше напишан од странски експерти. Преспанскиот договор да не потсетувам, беше наместен. Јас сум да имаме релации со сите, вклучувајќи го и Брисел, затоа што таму најмногу сме инвестирале од нашиот политички капацитет, реформи и слично. Ние сме мала држава, која мора да соработува со сите, за сè она што е во нејзин интерес“, вели Ванковска.
Според неа, ЕУ, за жал, се милитаризира.
„Ние не можеме да веруваме дека ЕУ е трајно нешто. Таа се менува. Во Германија, јавноста веќе притиска за излегување од ЕУ. Јас сум за трезвено гледање на работите. ЕУ менторството е во ред, но не да бидат владетели во оваа држава. НАТО го ветуваа како економска бонаца, ќе бидеме безбедна дестинација… Само за овие неколку години, за воена опрема и оружје имаме потрошено повеќе од 34 пати во сума, во пари, за да покажеме колку сме лојални, притоа одземајќи од социјалните потреби на граѓаните. Нашата алтернатива е воена неутралност. Јас не сакам Македонија да биде ничиј геополитички плен“, изјави таа.