сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Ванковска: Најбезобразно бараат од мене да ги дадам гласовите што ми ги дале граѓани

Билјана Ванковска, која не помина во вториот круг од претедателските избори, објави дека постојано е изложена на, како што вели, безобразни обиди да ги „даде“ гласовите кои ги добила од своите поддржувачи.

Објавено на

часот

Сподели

„Од мигот кога се појавив како потенцијален кандидат за претседателските избори, па до денес, сум под постојан брутален притисок од ‘најголемата’ опозициска партија и нејзините кучиња и мегафони. Бараат од мене најбезобразно да ги дадам гласовите кои вие сте ми ги дале мене (дури и уште пред да ги добијам)! Бараат јавно да гласам. Па, еве штом инсистираат, пред молкот, да им кажам зошто нема да гласам.

Ќе го тргнам настрана фактот што Мицкоски почна со навреди за измеќарка (без никаков повод). Очекував од Сиљановска да ми се извини во негово име, но таа молчеше. Нештата станаа појасни кога пред ТВ камери кажа да не очекуваме од неа јавно да му се спротивставува на Мицкоски. Значи, очекувајте меден месец на владата и претседателката ако успее операцијата. Сите што не се за нив, се најголеми непријатели“, објави Ванковска на својот фејсбук-профил.

Таа е иритирана и затоа што медиумите, како што вели, постојано ги интересира дали ќе ги даде гласовите на „пријателката“, без, како што наведува, „дали сме воопшто пријателки, што е и небитно за политиката“.

„Најважно, излегов со програма која е апсолутна негација на сето она што го нудеа сите други кандидати, дел на една иста компрадорска елита, која е повеќе загрижена за странците одошто за националните интереси. Како можам да гласам за некој кој е за НАТО и за зголемување на воените трошоци додека деца лечиме со донации? Како да гласам за некој кој Преспа не ја ни спомнува, а бугарскиот договор ќе го надоградува со анекси и креативни толкувања? Како да гласам за некој кој ќе внесува Бугари во Устав со одложено дејство (ретард)? Како да застанам зад некој знае меѓународна политика од книгите на Перл Бак за Кина? Како да бидам ЗА некој кому Рамковниот договор му е светиња? Како да гласам за некој кој не знае што е безбедносна дилема, а имала повеќе (во главата?)? Како да гласам за некој за кого Газа не постои!“, наведе Ванковска и додаде дека би ги излажала сите 40-тина илјади гласачи кога сега би ги повикала да гласаат „за помалото зло“.

Меѓу другото Ванковска наведува: „Стево не заслужува ни коментар (Апасиев има за него подобри епитети) – тој едвај чека да си замине во богата пензија. Јас замолчувам уште сега што се однесува до политичките работи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ