сабота, 27 јули 2024
Реакција

Ванковска: Им кажува ли некој на децата дека од пушките не излегува цвеќе туку смрт?

Професорката Билјана Ванковска, која е кандидатка за претседател на Македонија, преку својот фејсбук-профил реагира на денешниот отворен ден за граѓаните што го организираше Армијата по повод 4-годишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на воениот сојуз. И особено реакцијата се однесува на фотографирањето на деца покрај оружје.

Објавено на

часот

Сподели

„Одбележуваат 4-години на од членство во НАТО, однеле деца да се сликаат со оружје! На една фотографија две насмеани дечиња сликани со војник кој држи автоматско оружје повисоко од нив.
Се прашувам: им кажува ли некој на тие деца дека од цевката на тоа оружје излегува СМРТ а не цвеќе!?
Сето ова среде свет кој се тетерави и само што не се втурнал во глобална војна … ние славиме воена алијанса заради која се предадовме и себе си и своите предци, партизаните…
Жална Македонија! Но и светот не е поарен…“, искоментира Ванковска која е раководителка на Центарот за глобални промени.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ