сабота, 27 јули 2024

Ванковска: Ако сакаме достоинство, на овие избори немаме право на грешка

Кандидатката за претседател на државата од Левица, Билјана Ванковска, денеска одража средба со граѓани во скопската општина Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори. Ако сакаме достоинство, на овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се праша народот, порача Ванковска.

Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, Ванковска како различна понуда од сите останати ја истакна покренувањето на постапка за излегување од НАТО, која, како што рече, е неопходна.

„Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2 отсто од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни”, рече Ванковска.

Таа пред карпошани ги повтори заложбите од нејзината изборна програма за носење на нов Устав.

“Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности. Сонцето и Белите мугри на Рацин изгреваат на исток. Иако ни кажуваат политички мудрости дека сонцето излегува на запад, на запад се случуваат драматични работи, светот се менува и ние треба да гледаме на сите четири страни”, рече Ванковска.

Како што соопштија од Левица, таа на крајот, заедно со кандидатите на Левица за пратеници од изборната единица (ИЕ) 1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, положиле цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОБ од Нерези кај мостот Обединети нации, „симболот на заедништвото во историската борба за слободна Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ