сабота, 21 декември 2024
Ужасни детали на судењето за смртта на малолетното девојче

Во Вања Ѓорчевска било пукано на далечина од половина метар

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, обвинителството презентираше детали за ужасните моменти што малолетното девојче ги преживеало пред да биде убиено. Според изјавите на обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска, Вања била жива кога бил испукан куршум, а обдукциониот наод не открил дека претходно била угушена. Според доказите, пукано е од само половина метар, од задната страна, додека се движела по калта.

Објавено на

часот

Сподели

Доказите кои ги презентираше Обвинителството покажуваат дека Вања клечела кога бил извршен нападот. Во калта на местото на злосторството бил пронајден отисок од нејзините патики и кал под нејзините нокти, што укажува на нејзина одбрана пред да биде ликвидирана. Овој податок дополнително ја засилува теоријата за свирепоста на убиството, како и укажува на тоа дека Вања била жива и свесна за нападот што следувал.

Покрај тоа, обвинителката Крстевска-Јосифовска информираше дека проектилот што бил пронајден во телото на Вања бил од боева муниција со 9 милиметри, произведен во 2002 година. Презентиран беше и извештајот од обдукцијата, кој ги потврди резултатите од брисевите земени од лепливата лента од устата на убиената девојка. ДНК на лентата потврдила присуство и на Вања и на Велибор Манев, што ја поврзало оваа трагедија со обвинетиот.

Обвинетиот Љупчо Палевски, пак, ја оспори валидноста на доказите, наведувајќи дека на лепливата трака не биле пронајдени папиларни линии кои можат да го поврзат со местото на настанот.

Обвинетиот Велибор Манев, заедно со Влатко Кешишев и Боре Видевски, се гонат за грабнување и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тие не поднеле докази за нивната одбрана, а процесот продолжува со презентирање на доказите, вклучувајќи повеќе од 10.000 принт скринови од мобилни комуникации.

Досега биле сослушани 26 сведоци, а обвинението очекува продолжување на процесот со изведување на нови докази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ