четврток, 24 октомври 2024

Ванг Ји: Кина е сила за стабилност во турбулентниот свет

Без разлика како се менува светот, Кина, како одговорна голема земја, своите основни принципи и политики ќе ги задржи конзистентни и стабилни и ќе служи како цврста сила за стабилност во турбулентниот свет, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Минхенската безбедносна конференција. Кина ќе биде сила за стабилност во промовирањето на соработката меѓу големите земји, истакна Ји.

Објавено на

часот

Сподели

За големите земји, колку е понестабилен меѓународниот пејзаж, толку е поголема потребата за зајакнување на координацијата. Колку поакутни се ризиците и предизвиците, толку е поголема потребата за унапредување на соработката, нагласи шефот на кинеската дипломатија.

„Искуството и лекциите од минатото покажуваат дека кога Кина и САД работат заедно, може да се постигнат големи работи за двете земји и за целиот свет, додека конфронтирачката положба меѓу двете земји ги повредува двете страни и светот во целина. На крајот на минатата година, кинескиот и американскиот претседател одржаа важен самит, на кој беше изложена Визијата на Сан Франциско ориентирана кон иднината. Во меѓувреме, Кина цврсто ќе ги заштити своите легитимни права и интереси и ќе се воздржи од ограничување и потиснување. Со чувство на одговорност за историјата, за луѓето и за светот, Кина ќе работи со САД за да го имплементира заедничкото разбирање меѓу двата претседатели и да ги придвижи билатералните односи напред по вистинскиот пат на взаемно почитување, мирен соживот и вин-вин соработка“.

Во однос на соработката со Русија, Ванг Ји рече дека односите на двете големи сили стабилно растат на база на несојузување, неконфронтација и нетаргетирање на која било трета страна и ги исполнуваат заедничките интереси на двете земји во корист на стратешката стабилност на Азија-Пацификот и на светот.

„Овие односи претставуваат корисно истражување на нов модел на односи меѓу големите земји. Во врска со украинската криза, Кина никогаш не се откажа од промовирањето на мирот ниту ги забави напорите за олеснување на разговорите. Претседателот Си Џинпинг имаше длабока размена со светските лидери, вклучително и со руските и украинските лидери, играјќи конструктивна улога во решавањето на кризата. Кина, исто така, го објави својот став за ова прашање, а нејзиниот специјален пратеник интензивно патуваше за да посредува меѓу различните страни. Зад сето ова, постои само една цел што Кина се надева да ја оствари, а тоа е да изгради консензус за завршување на конфликтот и да го отвори патот кон мировните преговори“.

Ванг Ји истакна дека е императив Кина и Европа да останат настрана од геополитичките и идеолошките одвлекувања, да се гледаат меѓусебно како партнери наместо како ривали и да се здружат за да внесат позитивна енергија во нестабилниот свет и заедно да го посочат патот за надминување на тешкотиите.

Кина ќе биде сила за стабилност во решавањето на проблемите со жариштата. Работевме на тоа да го истражиме кинескиот начин на решавање на прашањата за жариштата, начин кој се залага за немешање во внатрешните работи и се спротивставува на наметнувањето на сопствената волја на другите; ја поддржува непристрасноста и правдата и се спротивставува на остварувањето на себични интереси; бара политичко решение и се противи на употребата на сила; има за цел да ги адресира и симптомите и основните причини и се спротивставува на кратковидоста и едностраноста. Преку активното посредување од страна на Кина, постигнато е историско помирување меѓу Саудиска Арабија и Иран, што предизвика ‘бран на помирување’ низ Блискиот Исток. Ова е вистински пример за спроведување на Иницијативата за глобална безбедност, претставена од претседателот Си Џинпинг“, рече Ји на Минхенската безбедносна конференција.

Тој го повтори ставот на Кина за воспоставување на независна држава Палестина и ефективна меѓународна мировна конференција со поширока основа за вистински да се реализира мирниот соживот меѓу Палестина и Израел.

Кина ќе биде сила за стабилност во зајакнувањето на глобалното владеење. Меѓународниот систем денес е под сериозно оптоварување од унилатерализмот и политиката на моќ. Така, ревитализирањето на мултилатерализмот и солидарното работење, станаа заеднички повик на меѓународната заедница за опоравување.

Авторитетот и централната улога на Обединетите нации (ОН) можат само дополнително да се зајакнат, а не да се ослабат, а целите и принципите на Повелбата на ОН станаа уште поважни, а не застарени. Кина испрати најмногу мировници меѓу постојаните членки на Советот за безбедност на ОН и е втор најголем придонесувач во редовниот буџет и мировната проценка на ОН. Кина го поддржува Советот за безбедност да игра примарна улога за мирот и безбедноста. Ги поддржуваме ОН во одржувањето на Самитот на иднината за да истражат повеќе решенија за предизвиците.

Кина активно работеше на подобрување на солидарноста и соработката на глобалниот Југ. Кина го промовираше историското проширување на БРИКС и даде поддршка на Африканската унија за приклучување кон Г-20, со цел да се зголеми застапеноста и гласот на земјите во развој во глобалните работи и да придонесе за поврамнотежена и ефективна архитектура на глобалното владеење.

Како најголемата земја во развој, Кина прави се за да обезбеди повеќе јавни добра на светот. Од Иницијативата „Појас и пат“ до Иницијативата за глобален развој, Иницијативата за глобална безбедност и Иницијативата за глобална цивилизација, Кина остана посветена на соработката, отвореноста и еднаквоста и со сопствен удел придонесе во одговор на глобалните предизвици“, рече шефот на кинеската дипломатија.

Тој го повтори ставот дека при зајакнувањето на глобалното владеење, мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји.

„Тајван е неотуѓив дел од територијата на Кина, а тајванското прашање е прашање од внатрешните работи на Кина. За да се запазат основните меѓународни норми, мора да се почитува принципот на една Кина. За да се зачува мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец, мора цврсто да се отфрли ‘независноста на Тајван’.

Кина ќе биде сила за стабилност во промовирањето на глобалниот раст. Знам дека многу од вас внимателно ја следат кинеската економија. Дозволете ми да кажам дека кинеската економија, енергична и еластична како и секогаш, покажува посилен импулс на долгорочен раст. Минатата година порасна за 5,2 отсто, што претставува една третина од глобалниот раст. Како што Кина брзо расте во најголемиот светски пазар, таа ќе донесе повеќе дивиденди за остатокот од светот. Во глобалната бизнис заедница е општо прифатено дека ‘следната Кина е сепак Кина’. Како што претседателот Си Џинпинг изјави, Кина само уште пошироко ќе ја отвори својата врата кон светот. Ќе продолжиме да го прошируваме институционалното отворање, да ја скратиме негативната листа на странски инвестиции и да поттикнуваме попазарно ориентирана бизнис средина заснована на законите според меѓународните стандарди за компаниите од Европа и од целиот свет. Сега Кина има заеднички планови за визно ослободување со 23 земји и применува унилатерална безвизна политика за повеќе европски земји. Ќе продолжиме да обезбедуваме повеќе олеснувања за луѓето од целиот свет да инвестираат, патуваат и студираат во Кина.

Да работиме заедно како патници на истиот брод за да донесеме повеќе сигурност на светот и да воведеме посветла иднина за човештвото“, порача министерот за надворешни работи на Кина од говорницата на Минхенската безбедносна конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ