сабота, 27 јули 2024

Ванеса Паради не верува во сродни души

Објавено на

часот

Сподели

Ванеса Паради, 39-годишната пејачка и актерка, за која се зборува дека во последно време има проблеми во 14-годишната врска со Џони Деп, ги разоткри своите мисли за љубовта за време на промоцијата на својот нов филм „Кафе де Флор“.
БЕНГ шоубиз ја цитира изјавата на Ванеса дека не верува во брак или во сродни души бидејќи „ако ја загубите сродната душа, сè завршува“.
Таа додава: „Идејата за сродна душа е убава и е многу романтична во филм или песна, но во реалноста мене ми е застрашувачка. „Кафе де Флор“ зборува за љубовта, за убавите нешта, за болката, за драмата – да се сака и да се изгуби. Приказната ме вознемири. Се најдов со главата надолу, во длабочините на самата себе“.
Иако Џони и Ванеса никогаш не се венчаа, Џони тврди дека нивната врска е совршена таква каква што е.
Тој претходно има изјавено: „Никогаш не се венчавме и тоа така ќе остане – засега. Како што кажа еден американски претседател, ако не е скршено, не го поправај. Врската со Ванеса за мене дојде во совршен момент. И двајцата бевме подготвени за деца, и таа ми ги подари Лили Роуз (12) и Џек (9). Првиот пат кога ја видов Ванеса, ѝ го видов само грбот, и тоа на другиот крај на просторијата. Но веднаш знаев дека таа е жената за мене“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ