четврток, 19 септември 2024
Влада

Ванчо Ѓорѓиев нов претседател на историската комисија со Бугарија

Владата на денешната седница го назначи Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

Објавено на

часот

Сподели

Ванчо Георгиев доаѓа на местото на Драги Ѓорѓиев од кого новата Владата и ВМРО-ДПМНЕ не беа задовони од неговата работа.

Ѓорѓиев беше член на комисијата, но се повлече, како што рече тогаш, поради притисокот што го правела тогашната впада.

Проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев е редовен професор на Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје.

Членови на комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ