сабота, 27 јули 2024
Потрагата по исчезнатото девојче трае

Вања ја нема трет ден, МВР апелира да не се шират лаги дека сама се качила во бел автомобил

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија. Девојчето за исчезнато го пријави неговата мајка што побара помош од полицијата откако од училиштето ѝ се јавиле дека Вања не е дојдена на училиште, а мобилниот телефон ѝ бил исклучен. 

„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, стои во описот на МВР. 

Другарчињата на Вања низ Скопје лепеа плакати со нејзината фотографија на која стои опис и телефонски број за да се пријави ако некој ја види. За сега потрагата трае. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ