сабота, 19 октомври 2024

Ван дер Сар од Сплит е префрлен на интензивна нега во Холандија

Објавено на

часот

Сподели

Едвин ван дер Сар досега беше на интензивна нега во Сплит откако за време на одморот во Хрватска имаше крварење во мозкот. 

Анамари преку социјалните мрежи на Ајакс информира дека Ван дер Сар синоќа ја напуштил болницата во Сплит и бил префрлен на интензивна нега во холандска болница.

Неговата состојба останува стабилна, не е во животна опасност и е комуникативен. Таа се заблагодари на сплитската болница за третманот на нејзиниот сопруг.

Едвин ќе остане на интензивна нега каде ќе му бидат направени дополнителни испитувања по што ќе може да се фокусира на опоравувањето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ