сабота, 27 јули 2024

Ван Дајк во 118. минута донесе трофеј за Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул го победи Челси со 1-0 и го освои првиот трофеј оваа сезона, херој на црвените беше капитенот Вирџил ван Дајк кој постигна гол во самиот крај на продолженијата за победа во Лига Купот на Англија.

Објавено на

часот

Сподели

Иако за 120 минути беше постигнат само еден гол, Ливерпул и Челси одиграа одличен меч со многу шанси и на двете страни.

Имаше и контроверзен момент кога Каиседо со отворен ѓон го фаулираше Гравенберх во 28. минута, но судијата не погледна ВАР снимка и не му покажа ниту жолт на фудбалерот на Челси, а според многумина стартот беше и за црвен.

По 15 минути игра во вториот дел Ван Дајк даде гол кој беше поништен поради пасивен офајсд.

По 90 минути игра беше 0-0, па мечот на Вембли отиде во продолженија.

Кога се чинеше дека ќе има и пенали, падна единствениот гол. По еден центаршут од корнер на Цимикас, Ван Дајк погоди со глава за водство на Ливерпул од 1-0 кое значеше победа и трофеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ