Иако за 120 минути беше постигнат само еден гол, Ливерпул и Челси одиграа одличен меч со многу шанси и на двете страни.
Имаше и контроверзен момент кога Каиседо со отворен ѓон го фаулираше Гравенберх во 28. минута, но судијата не погледна ВАР снимка и не му покажа ниту жолт на фудбалерот на Челси, а според многумина стартот беше и за црвен.
По 15 минути игра во вториот дел Ван Дајк даде гол кој беше поништен поради пасивен офајсд.
По 90 минути игра беше 0-0, па мечот на Вембли отиде во продолженија.
Кога се чинеше дека ќе има и пенали, падна единствениот гол. По еден центаршут од корнер на Цимикас, Ван Дајк погоди со глава за водство на Ливерпул од 1-0 кое значеше победа и трофеј.